Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави дека Иран има капацитет да продолжи со збогатувањето на ураниум до нивото потребно за изградба на атомска бомба за „неколку месеци“.
Би-Би-Си објави дека првиот човек на нуклеарната агенција на Обединетите нации го изјавил ова во интервју за Си-Би-Ес њуз, американскиот партнер на британската медиумска служба.
Тој рече дека американските напади врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд предизвикале сериозна, но „не целосна“ штета, што е спротивно на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека нуклеарните објекти биле „целосно уништени“.
„Да бидам искрен, не може да се тврди дека сè исчезнало и дека таму нема ништо“, рече Гроси.

Израел нападна нуклеарни и воени објекти во Иран на 13 јуни, тврдејќи дека Иран е близу до фазата на збогатување на ураниум што овозможува развој на атомско оружје.
Првите сателитски снимки од подземниот нуклеарен објект Фордо во Иран по американското бомбардирање Фотографија: printscreen/Think Tank Open Source Center
САД подоцна се придружија на нападите, фрлајќи бомби-разбивачи на бункери „врз три ирански нуклеарни објекти: Фордо, Натанц и Исфахан.
Оттогаш, вистинската големина на штетата е нејасна.