Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, одржан во четврток, не е постигнат напредок кон прекин на огнот во Украина.
„Имавме повик. Беше доста долг. Разговаравме за многу теми, вклучувајќи го и Иран, а исто така, како што знаете, и војната во Украина. Не сум задоволен од тоа“, изјави Трамп за новинарите додека заминуваше од Вашингтон за Ајова.
Кога беше прашан за резултатите од разговорите, Трамп накратко додаде:
„Не, денес не постигнав никаков напредок со него“.