Естонскиот суд денеска пресуди дека палењето на ресторан и супермаркет во Естонија биле нарачани од руската Воено разузнавачка служба (ГРУ).
Окружниот суд Харју соопшти дека двајца молдавски државјани биле вклучени во подметнувањето на пожар. Тие се братучеди и имаат исто име – Иван Чихајал. Едниот од нив, посочен како сторител е осуден на 6,5 години затвор за подметнување пожар во ресторанот и супермаркетот, а другиот беше прогласен за виновен како соучесник и е осуден на 2,5 години затвор.
Во судската пресуда се наведува дека задачата му била доделена на сторителот, Иван Чихајал од страна на ГРУ. Тој на 30 јануари го запали супермаркет во селото Осула, југоисточна Естонија, а следниот, заедно со неговиот братучед отпатувал за Талин, каде го запалил ресторанот „Слава на Украина“.
Според Судот дека соучесникот не знаел дека Чихајал дејствува по наредба на ГРУ.
Литванија Летонија и Полска беа вклучени во операцијата за приведување на двајцата Молдавци, кои беа приведени во Италија.