Хамас ги отфрли обвинувањата на САД за напад врз хуманитарен центар во Газа

Хамас ги отфрли обвинувањата на американскиот Стејт департмент дека групата е одговорна за нападот во саботата врз центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа, во кој беа повредени двајца Американци.

Хуманитарната фондација за Газа (ХФГ), поддржана од САД и Израел, соопшти дека американски хуманитарни работници се на медицински третман по напад со граната, при што претрпеле повреди што не се животозагрозувачки. Претставник на „Ју Џи Солушионс“, компанија од Северна Каролина што обезбедува заштита на пунктовите за хуманитарна помош на ХФГ, изјави дека повредените Американци биле ангажирани како приватни обезбедувачи.

Обезбедувањето, поранешни припадници на американските специјални сили, не возвратиле со оган по нападот за да не ги загрозат цивилите во близина, додаде претставникот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?