Во заедничка акција на обвинителствата и полициите на Србија и Словенија се уапсени тројца осомничени на српска територија и тројца на територијата на Словенија, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Српската полиција приведе три лица на возраст од 23 до 54 години поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Истовремено, словенечката полиција уапси по еден државјанин на Србија, Словенија и Босна и Херцеговина на возраст од 34 до 44 години, додека по уште две лица од истата група сè уште се трага.
Според наводите од истрагата, припадниците на оваа криминална група отворале фирми за меѓународен патен превоз во Хрватска, Унгарија, Словачка и Србија. На тие компании ги регистрирале товарните возила што ги употребувале за транспорт на дрогата низ европските рути.
Камионите биле технички преправани со посебни бункери вградени во самите кабини за криење на наркотиците. За да не предизвикаат сомнеж при граничните контроли, во товарниот дел на возилата превезувале вообичаена, легална стока.
Од српското МВР информираат дека овој случај е поврзан и со претходни апсења во Западна Европа. Во втората половина од 2025 година, во Франција беа приведени двајца возачи, државјани на Србија, под сомнение дека за истата организирана група со камиони шверцувале дрога од територијата на Шпанија.
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите на Србија и Словенија уапсени се тројца осомничени на српска територија и тројца на територијата на Словенија, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.