Рударите во Злетово и Тораница добиваат месечен бонус од 5.000 денари за редовност

Компанијата „Булмак 2016“, која стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, воведва награди за редовните вработени. Со новата иницијатива, секој вработен кој во текот на еден работен месец нема да има ниту едно отсуство и навремено ќе пристигнува на својата смена добива можност да оствари дополнителен бонус за редовност во износ од 5.000 денари.

Од компанијата најавуваат дека оваа иницијатива не претставува само обична финансиска награда, туку е јасен показател за искрената грижа на компанијата кон луѓето кои секојдневно придонесуваат за нејзиниот развој. Дополнителните финансиски средства се директен придонес кон домашниот буџет на рударските семејства и претставуваат конкретно признание за нивната лојалност.

Рударството како комплексна индустрија, зависи од перформансите на вработените, па поради тоа ваквата иницијатива испраќа порака дека дека дисциплината и колегијалноста се темел на заедничкиот успех и дека тие секогаш ќе бидат соодветно и навремено наградени.

Компанијата истакнува дека овој нов систем на наградување е само еден сегмент од пошироката визија на менаџментот за создавање подобри услови за работа преку лична мотивација, но и подобрување на севкупната продуктивност на рудниците.

Од „Булмак 2016“ истакнуваат дека остануваат посветени на воведување модерни практики во менаџирањето со човечките ресурси и во вреднување на трудот на работниците.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?