Како последица на топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Мерката првично беше воведена во вторникот, а од Министерството за култура на Грција и од Археолошката управа во Атина соопштија дека одлуката е продолжена и во текот на викендот, а е за заштита на вработените и посетителите од високите температури.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера, беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.