Мобилни царински тимови спроведуваат засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, соопштија од Царинската управа.
„Ги следиме сите сомнителни активности и каде што постои сомневање вршиме контрола, се со цел навремена детекција и спречување на секој обид за криминал“, изјави помошник директорот за контрола и истраги Влатко Лакордов.
Со зголемената контрола на пловните објекти, се цели кон спречување обиди за криумчарење и обезбедување ефикасна и реална наплата на увозни давачки, додадоа од Царинската управа.
Се очекува засилените мерки да придонесат за поголема безбедност и заштита на природните и економските интереси во регионот.