Левица: Каква нечовечност од Владата-Шабан Салиу и по трагедијата во Кочани, сè уште е министер

Односот на Владата на Мицкоски кон трагедијата во Кочани го отсликува отсуството на минимум човечност и одговорност кај вмровските функционери, додека по секоја цена се обидуваат да ја заташкаат темата за дискотеката на смртта. Кулминација на селективна правда и неодговорност кон 62 трагично загинати млади животи е фактот дека еден од обвинетите за трагедијата – Шабан Салиу (коалиционен партнер на Христијан Мицкоски) продолжува да биде дел од владејачката гарнитура како министер без ресор, реагираат денеска од Левица.

-Додека родителите од Кочани секоја сабота бараат правда за системскиот колапс кој се случи на 16 март, владата на ДПМНЕ дрско и без никаква морална доблест држи владини прес-конференции со обвинетиот Шабан Салиу, наместо истиот да биде разрешен уште пред три месеци! Потсетуваме дека од 2008 до 2017 година со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) раководеше Шабан Салиу, додека ДПМНЕ кога дојде на власт го именуваше неговиот внук Кашмир Салиу за заменик-директор, посочуваат во партиското соопштение.

-Ваквиот арогантен и нечовечен однос само ја потврдува суровата вистина – дека коалиционите математики на власта се повредни од 62 прерано изгубени животи, велат од Левица.

Зачлени се на нашиот е-билтен