Нестабилно попладне: грмежи, пороен дожд и засилен северец, температурите до 34 °C

По свежото утро со 12 – 20 степени, денеска ќе не пречека променливо облачно небо и куси сончеви паузи, но синоптичарите предупредуваат дека стабилната слика ќе се влоши уште попладне. По 14 часот, од север ќе навлезат влажен бран и енергија за нестабилност: на повеќе места се очекува пороен дожд проследен со грмежи, а локално не се исклучува ниту краткотрајно невреме со силен ветер и услови за пообилен дижд.

Северниот ветар веќе се засилува и ќе биде најизразен по долината на Вардар. Со оглед на конвективниот развој, метеоролозите советуваат внимателно движење по отворено и избегнување паркирање возила под стари дрвја и слаби конструкции.

Максимумите денес ќе се качат помеѓу 26 и 34 °C; во Скопје прогнозата е 32 °C со можни врнежи доцна навечер.

Несигурната атмосфера ќе продолжи и во четврток со сличен тип времe, но петок и сабота носат краткотрајно смирување и благ пораст на температурите. Од недела синоптичарите гледаат нов бран на дестабилизација кој би можел да се задржи и на почетокот од идната седмица.

Зачлени се на нашиот е-билтен