Болсонаро доби 27 години затвор за обидот за државен удар

Болсонаро доби 27 години затвор за обидот за државен удар

Болсонаро доби 27 години затвор за обидот за државен удар. Така одлучи Судскиот совет на Врховниот суд на Бразил во судњето за заговор за државен удар за да остане на власт по поразот на изборите во 2022 година.

Мнозинството судии на Врховниот суд, тројца од петмина, пресудија дека 70-годишниот Жаир Болсонаро водел заговор против неговиот левичарски ривал Луиз Инасио Лула да Силва. 

Според пресудата, иако заговорот не успеал да обезбеди доволна воена поддршка, тој кулминирал со насилниот упад на поддржувачите на Болсонаро во владини згради на 8 јануари 2023 година.

Судијката Кармен Лусија го даде одлучувачкиот глас, прогласувајќи го Болсонаро за виновен по сите пет точки од обвинението, вклучувајќи обид за државен удар и водење вооружена криминална организација.

Зачлени се на нашиот е-билтен