Брисел ја собра автомобилската елита и испрати јасен сигнал: целта за нулта емисија кај новите автомобили во 2035 година останува. По тричасовниот состанок на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со највисоките менаџери од секторот, пораката што протече е без дилеми: „без оглед на сè, иднината е електрична“. Состанокот е дел од Стратешкиот дијалог за иднината на автомобилската индустрија и трет по ред годинава, свикан поради кризата во која индустријата се соочува со пад на продажби, високи енергетски трошоци, субвенционирана конкуренција од Кина и затегнат трговски амбиент под американски казнени царини.
И додека производителите бараа поголема „флексибилност“ во примената на целите, Комисијата не покажа волја да се тргне од 2035 година. Истовремено, Брисел отвори врата за поран преглед на регулативата: наместо во 2026, ревизијата на целта за 2035 ќе се донесе до крајот на оваа година, на повидок на индустриските аргументи за изводливост. Во суштина, политичкиот курс останува, но контрольниот пункт доаѓа порано.
Паралелно, деловната страна бара јасни сигнали за испорака на инфраструктура и намалување на вкупните трошоци за поседување електрични возила. „Пазарното усвојување на масовно ниво не се случи, ниту ќе се случи без побрза изградба на полначи, модернизација на мрежата и пониска цена на струјата“, предупредува ACEA, нагласувајќи дека BEV-маркет-шеарот во ЕУ-27 до јули изнесувал 15,6% кај патничките автомобили, а 9% кај вановите. Индустријата бара конзистентни поттикнувачки мерки за купување, поправедно оданочување, пониски трошоци за полнење и полесен пристап до градските зони, особено додека Европа го забрзува тешкиот сегмент со мрежи за брзо полнење на камиони и реформи на енергетските пазари.
Во јавната дебата се обидуваат да се враќаат и моторите со внатрешно согорување, но дел од германските лидери на брендови сметаат дека тоа само ги збунува купувачите. „Не знам за подобра технологија од електричниот автомобил за намалување на CO₂ во следните години“, рече извршниот директор на „Ауди“, Гернот Делнер, додавајќи дека повторувањето на расправата за зачувување на моторите со согорување е контрапродуктивно. Политичката рамка, пак, останува цврста: ЕУ е на курс кон климатска неутралност до 2050 и од 2035 де факто ги укинува новите возила што емитираат CO₂.
Позадината е од тешка категорија: автомобилската индустрија вработува над 13 милиони луѓе во ЕУ и носи околу 7% од БДП. Комисијата од јануари води формализиран „Стратешки дијалог“ за да ја одржи европската карта на индустријата во игра, додека дел од снабдувачите туркаат идеи за поголем „европски удел“ во компонентите како античелен одговор на глобалната конкуренција. Сé ова ја истакнува клучната дилема: Европа може да се држи до 2035 само ако политиките за инфраструктура, мрежи и цената на енергијата стасаат со темпо на пазарот; во спротивно, целите се претвораат во неподобни графици.