Директорот на ФБИ, Каш Пател, соопшти дека е пронајден ДНК доказ кој го поврзува осомничениот Тајлер Робинсон со убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, кое се случи минатата недела. Пател изјави дека истражителите го идентификувале ДНК на Робинсон на шрафцигер и на пешкир со кој била замотана пушката, за која се верува дека била употребена во атентатот.
„ДНК од пешкирот кој беше замотан околу оружјето и ДНК на шрафцигерот одговараат на осомничениот кој е во притвор“, рече Пател.
Според ФБИ, Робинсон планирал и извршил го нападот врз основа на своите политички, левичарски убедувања. Неговото семејство истражителите ги информирало дека тој особено во последниве години го застапувал левичарскиот идеолошки став и разменувал пораки во кои тврдел дека има можност да го убие Кирк поради омразата кон она што Кирк го претставува.
Атентатот се случил минатата недела додека Кирк одговарал на прашања од публиката на Универзитетот „Utah Valley“. Робинсон испукал куршум во вратот на Кирк, по што побегнал преку покривот на кампусот, оставил оружје омотано во пешкир во блиската шума и се повлекол во соседното населено место.
ФБИ исто така соопшти дека на покривот е пронајден и шрафцигер со ДНК траги на Робинсон. Осомничениот е во „специјален надзор“ на властите во Јута и одбива да соработува при испитувањата.
Директорот Пател се бранеше од критиките за неговото објавување на информации пред официјалните обвиненија, истакнувајќи дека тоа било обид за транспарентност кон јавноста и дека е нормално да се приведуваат осомничени кои потоа може да се покажат невини.
„Задачата на ФБИ не е само да го најде вистинскиот извршител, туку и да се елиминираат потенцијални мети и лица кои не се вклучени во процесот, и токму тоа го направивме“, рече Пател, признавајќи дека можеби можел подобро да го соопшти тоа во моментот, но не жали за објавата.