Професор д-р Александар Чапароски поканет како експерт на 50. Конгрес на Романското здружение на неврохирурзи

Професор д-р Александар Чапароски, претседател на Здружението на неврохирурзи на Македонија и водечки експерт во областа на неврохирургијата, ќе ја претставува македонската неврохирургија како поканет експерт на јубилејниот 50. Конгрес на Романското здружение на неврохирурзи, кој ќе се одржи во Клуж-Напока, Романија.

Оваа покана претставува признание за неговиот долгогодишен професионален придонес и врвна експертиза , како и за напредокот и угледот на македонската неврохирургија на меѓународно ниво.

Зачлени се на нашиот е-билтен