Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, денеска упати предупредување за големата офанзива на израелската армија во северниот дел на Појасот Газа, истакнувајќи дека болниците се „на работ на колапс“.
„Ранетите и инвалидите не можат да стигнат до безбедно место, што ги доведува нивните животи во сериозна опасност“, напиша Гебрејесус на платформата X.
Според неговите зборови, болниците, кои веќе се преоптоварени, на работ на колапс поради ескалацијата на насилството, која ја блокира достапноста и ја спречува СЗО да испорача витални залихи.