По една недела силни добивки, денеска американските акции забележаа пад, како резултат на растечката загриженост дека би можело да дојде до финансиско затворање на федералната влада во Вашингтон.
Индексот Dow Jones се намали за 223 поени, односно 0,5 проценти, S&P 500 изгуби 0,2 проценти, додека Nasdaq падна за околу 0,1 процент, јавуваат CNN и CNBC.
Негативното движење на берзите е последица на зголемениот ризик дека американската влада би можела да се соочи со блокада поради истекувањето на финансирањето на 30 септември, што создаде песимистичко расположение кај инвеститорите.