„Визер“ отвора нова линија од Скопје до Штутгарт

Авиокомпанијата „Визер“ го промовираше почетокот на нова директна линија од Скопје до Штутгарт, со три летови неделно – секој понеделник, среда и петок. Првиот лет полета денеска во 06:25 часот од Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Во летниот распоред до 24 октомври, летовите ќе се реализираат во понеделник и петок во 06:25, а во среда во 06:30, со пристигнување околу 11:10 по локално време. Со почетокот на зимскиот распоред, сите летови ќе полетаат во 06:30, а слетувањето ќе биде во 11:30.

Со воведувањето на оваа линија, „Визер“ ќе нуди вкупно девет директни рути од Скопје до Германија, вклучувајќи Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден, Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг.

Дополнително, од ноември и декември се планирани нови дестинации до Стокхолм, Мадрид, Келн, Бари, Прага и Ларнака.

Следната година, од 30 март, ќе се воведат летови од Скопје до Неапол и Будимпешта, исто така три пати неделно. Од 28 јуни, од Охрид патниците ќе можат директно да летаат до Катовице, Вроцлав и Милано, со два летови неделно за секоја дестинација.

Со оваа експанзија, „Визер“ ја зацврстува својата позиција како главен транспортен мост меѓу Македонија и Германија, но и пошироко кон Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен