Внимание: Во Србија не поминуваат картички носете кеш

Поради американските санкции кон Нафтната индустрија на Србија (НИС), дел од плаќањата со странски платни картички (Visa/Mastercard) на бензинските станици на овој ланец се прекинати или ограничени. НИС соопшти дека очекува „странските картички да престанат да функционираат“, а како алтернатива ги наведе готовината, домашната српска картичка „Dina“ и мобилниот систем IPS.

Санкциите влегоа во сила на 9 октомври 2025 по истекот на изземањето (waiver) што ѝ дозволуваше на компанијата да работи без прекин. НИС управува со единствената српска рафинерија и со околу 350 пумпи, па прекините во картичните плаќања таму имаат широка последица за патниците, особено странците.

Што значи оваза македонските возачи?


– На НИС пумпи ќе ви биде одбиена Visa/Mastercard; понесете доволно кеш (српски динари) или користете други поддржани опции (Dina, IPS). Дел од извештаите наведуваат дека прекинот важи и за Mastercard, а на поедини локации терминалите работат нестабилно.
– За Лукоил Србија моментално нема официјална објава за целосно запирање на меѓународните картички. Но според информациите кои корисниците ги споделуваат, и таму не функционираат картички.
– Унгарскиот MOL не е засегнат од овие санкции; ако сакате плаќање со картичка, алтернативно планирајте полнење на гориво на неговите пумпи или кај независни оператори.


Американските мерки се насочени кон руското мнозинско сопствеништво во НИС. Истекот на изземањето го отвори прашањето и за снабдувањето со сурова нафта, а дел од медиумите нотираат дека санкциите може да влијаат и врз обработката на трансакции со западни партнери, што индиректно го погодува и картичниот систем на терен. Властите во Белград најавија дека ќе спречат недостиг, но деталите како ќе се одржи снабдувањето засега се ограничени.

Мини-водич за патување:


– Наполнете гориво пред граница или планирајте полнење кај оператори кои не се засегнати.
– Понесете доволно готовина во динари; не се потпирајте само на Visa/Mastercard на НИС.
– Проверете на лице место на Лукоил: во отсуство на официјална забрана, приемот на картички може да варира по локација.

Зачлени се на нашиот е-билтен