Специјалистот за комуникации Марјан Забрчанец денеска на својот Facebook-профил упати критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја опозицијата дека со потсмев и несериозност се однесува кон европските интеграции на државата.
Во објавата, Забрчанец посочува дека Албанија, под раководство на Еди Рама, активно работи на исполнување на европските реформи со јасна цел – членство во Европската Унија до 2030 година, додека Црна Гора, како што наведува, „речиси и да нема забелешки“ во последниот европски извештај.
Во споредба со тоа, Забрчанец оценува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателката Гордана Силјановска-Давкова ја сведуваат Македонија „на ниво на анти-европска покраина“. Тој критикува дека реформите се иронизираат со изјави од типот „аха, сега ќе ни пишат 5-ка во Брисел“, што според него ја минимизира важноста на процесот.
Забрчанец реагира и на, како што ги нарекува, контрадикторните тврдења на опозицијата – дека Македонија 25 години стоела во место во евроинтеграциите, а во исто време била понапред од Албанија. Според него, ваквите ставови се пример за „six-seven“ логика која не одговара на реалноста.
Во продолжение, тој потсетува дека Албанија во 2000 година била зад Македонија, но дека во меѓувреме земјава дури немала кандидатски статус, иако подоцна станала членка на НАТО. Забрчанец предупредува дека Македонија сега се наоѓа во „11:59“, како последна шанса за „подобра европска Македонија“.
„Не знаат или си играат мајтап?“ – со ова прашање Забрчанец ја завршува својата јавна реакција.

