Повеќе ранети во пукање во близина на Универзитетот Браун, напаѓачот сè уште е во бегство

Во близина на кампусот на Универзитетот Браун, во американската сојузна држава Род Ајленд, дојде до пукање во кое, според официјалните информации, се ранети повеќе лица. Осомничениот за нападот сè уште не е уапсен, а полициската потрага е во тек.

Полицијата потврди дека инцидентот се случил во поширокото подрачје околу универзитетот и апелираше до граѓаните да останат во своите домови или да го избегнуваат реонот додека трае истрагата.

„Повеќе лица се застрелани во близина на Универзитетот Браун. Ги преземаме сите неопходни мерки и ја продолжуваме истрагата“, соопштија од полицијата.

Дел од американските медиуми јавуваат дека има повеќе жртви, но засега нема потврда дали има загинати. Надлежните служби не соопштуваат детали за идентитетот на осомничениот, ниту за мотивите за нападот.

Безбедносните мерки во и околу универзитетскиот кампус се засилени, а јавноста се информира дека ќе следуваат дополнителни информации штом ќе бидат официјално потврдени.

Зачлени се на нашиот е-билтен