Сексуалните работнички објавија видео за насилството со кое се соочуваат

сексуални

СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот, овогодинешната онлајн кампања „Под црвениот чадор се бориме за еднаквост, достоинство и заштита” ја посветува на симболот што веќе 18 години нè обединува и заштитува – црвениот чадор.

Во соопштението до медиумите истакнуваат дека преку овој симбол ја раскажуваат нивната приказна, нивното присуство и ја истакнуваат нивната борба за почитување на основните човекови права.

Во фокусот на кампањата е моќно видео (линк) во кое три сексуални работнички ги споделуваат своите лични приказни, за стравовите што ги носат, за насилството со кое се соочуваат, и за потребите што ги имаат.

Сексуалните работници, особено жените и трансродовите лица, се мета на различни форми на родово базирано насилство во јавен, приватен простор и/или онлајн.

Велат, „насилството врз нас е често неказнето, невидливо и институционално игнорирано. Присутно е од страна на клиенти, партнери, полицијата, па дури и во здравствените и социјалните служби“.

Спроведувањето на кампањата по повод обележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници е поддржано од фондацијата  Red Umbrella Fund.

Онлајн кампањата можете да ја следите на социјалните мрежи на Здружението: На Фејсбук, на Инстаграм и на Ју Тјуб.

Зачлени се на нашиот е-билтен