Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ

УСЈЕ
Фото: Надица Ангеловски, Рацин.мк

Зелен Хуман Град (ЗХГ) извести дека за „првпат во историјата на Скопје сите политички групи во Советот на градот се оебдинија и застанат рамо до рамо со скопјани и јасно и цврсто во еден глас порачаа: УСЈЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ!

По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје едногласно ја усвои иницијативата на ЗХГ за дислокација на УСЈЕ, со следните за која најавија дека многу посветено ќе се следи нејзиното спроведување.

Ова е содржината на иницијативата

– Се задолжува Град Скопје да се обрати до Министерството за животна средина со официјално барање да се испита работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи, како и дали истите целосно ги исполнуваат сите услови, обврски и критериуми кои произлегуваат од важечката дозвола за работа и релевантната еколошка регулатива и во најбрз рок да го известат Град Скопје за резултатите.

– Се бара Државниот инспекторат за животна средина да изврши серија ненајавени вонредни испекциски надзори врз работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи
со цел утврдување на фактичката состојба, почитувањето на еколошките стандарди, дозволените емисии и примената на мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

– Се повикува Општина Кисела Вода врз основа на наодите, параметрите и мислењата добиени од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина да води особена сметка при понатамошната изработка на ДУПовите како и да ги земе предвид истите при сите идни урбанистички и плански постапки.

– Истата обврска се однесува и на останатите општини во составот на Град Скопје и Град Скопје со цел обезбедување усогласен, одговорен и одржлив пристап во просторното и урбанистичкото планирање во интерес на заштитата на животната средина и квалитетот на животот на граѓаните.

– Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на РМ

– Овој заклучок да се достави до градоначалникот на Град Скопје, владата на РМ, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините во Градот Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен