АМСМ: Возете внимателно има густа магла на повеќе патни правци

АМСМ со предупредување, сите грашани кои тргнуваат на пат, да возат внимателно поради густата магла на некои патрни правци

Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) вечерва предупредува на исклучително намалена видливост поради густа магла на неколку клучни патни правци. Најкритично е на превојот Плетвар и во Крушево, каде видливоста е само 30 метри, додека на потегот Маврово – Маврови Анови таа изнесува едвај 15 до 20 метри.

Магла има и на планинските превои Стража и Ѓавато, каде видливоста е ограничена до 100 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без застои, но по претежно влажни коловози.

Од АМСМ потсетуваат дека поседувањето зимска опрема во возилата е законски задолжително и апелираат на крајно внимателно возење низ клисурите поради зголемена опасност од одрони.

Зачлени се на нашиот е-билтен