Во петок комеморација за Драган Б. Костиќ

Во петок (16.01.2025) во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 12.30 часот, ќе се одржи комеморативен собир во чест на доајенот на македонското радио Драган Б. Костиќ.

„Собирот е отворен за сите кои сакаат да оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и оставнината на Драган Б. Костиќ“ велат од семејството на Костиќ и продукцијата Диско Селектор кои го организираат настанот.

Драган Б. Костиќ почина на 75годишна возраст, на 20 декември 2024 година по кусо боледување.

Тој беше најпознат како водител  од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“…

Зачлени се на нашиот е-билтен