Трендафилов со повик на протест: Минималната плата мора да е 600 евра

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на социјалните мрежи упати отворено писмо до јавноста преку кое повикува на масовно присуство на протестот за поголеми плати закажан за 28 јануари.

Според Трендафилов, овој протест не е за „ако имаш време“ па ќе дојдеш, не е ниту за ,,чекај сега, кај најдоа да протестираат во 17 ч., ќе биде темно и ладно, може и ќе врне, може друг ќе протестира па ќе завршат работа”.

„Овој протест е затоа што те потценуваат и понижуваат и газдите и властите, затоа што на едните им е важно за ниски плати да им го стварате капиталот, а на другите им е важно со ниски плати да ги гласате за да Ве владеат, да владеат сиромашен народ, но послушен народ, затоа што ако имате пристојна плата и пристојна работа нема да мислите ниту на едните ниту на другите.

Овој протест е за сите вас, за Вашите деца, за Вашите внуци за тоа што со мизерни плати некој свесно Ве брка и Ви ги брка од Државата. Овој протест е против неправдата, против неправдата тие да имаат, а вие да немате, неправдата која значи 250 евра зголемени плати за нив и 78 % зголемени плати на нив (избраните и именуваните), 250 евра зголемена плата на истите тие на кои Вие им ја давате моќта и платата, а тие не водат грижа за Вас и Вашите семејства. Овој протест е затоа што сакаат да ве заменат со ефтина работна сила од странство, а вие да ги гласате.

Овој протест е против газдите, против истите тие кои одбиваат да Ви ја зголемат платата за да не се откажат од добивката и луксузот кој им го овозможувате со вашиот труд и вашата пот, против газдите кои не само што ги избркаа квалификуваните работници од Македонија, туку избркаа цели семејства“ пишува тој.

Меѓу другите причини Трендафилов наведува и дека пртестот е потребен затоа што власта не планира зголемувања на минималната плата, ниту пак покачување на платите во јавниот сектор.

Овој протест е дури и за оние кои не напаѓаат, а не се функционери, затоа што со нашата борба и тие ќе добијат зголемена плата и зголемена пензија. Овој протест е затоа што господата (Власта и Газдите) ви личат многу големи, а Ви личат големи затоа што им клечите, станете со нас и ќе видите всушност колку се тие ситни и мали. Ова не е покана за протест, секој сам треба да се покани, секој сам треба да го покани своето семејство, своите колешки и колеги, затоа што со седење дома давате аргументи и сила на тие што одбиваат да Ви ја зголемат платата. Јас и луѓето што ги знам ќе бидеме таму, доколку и ти и луѓето што ги знаеш дојдете, треба да знаеш дека сами може не можеме да промениме многу, но заедно можеме да промениме се !“ стои во обраќањето.

Тој потсети и на барањето на ССМ за големување на работничките плати за најмалку 6.000 денари преку зголемување на минималната плата на 600 евра.

„Овој протест е и затоа што не ги почитуваат колективните договори и не исплаќаат плата согласно истите за да не им се зголемеле многу платите на работниците, па сте приморани да тужите. Овој протест е затоа што тие сметаат дека Вас не ви е потребно зголемување на Вашата плата, затоа што не барате, затоа што ако не барате, тие мислат дека Ви е доста. Овој протест е за сите кои се плашат, им се закануваат и ги омаловажуваат затоа што сами не можат да се изборат против своите работодавачи за зголемување на нивната плата.

Зачлени се на нашиот е-билтен