„Свадбата на Крал Марко“ – опера во четири чина според либретото на поетот Владимир Левчев и на музика на Ангел Ангелов, вчера беше премиерно изведена на сцената „Централни сали“, во Софија, Бугарија, во форма на камерен ораториум за пијано секстет, солисти и хор.
Операта е дел од мојата лична и семејна историја поврзана со моите роднини и пријатели во Македонија, изјави за медиумите во Бугарија Ангелов.
„Сето ова има длабоки корени во историјата – во судбината на моите баба и дедо, на бегалците кои дојдоа во Бугарија на почетокот на 20 век – некои пред војните, некои по нив. Зборуваме за Балканските војни и Првата светска војна. Ова е судбината на огромен дел од Бугарите и нивната поврзаност со оваа земја“, објаснува композиторот.
Проф. Ангелов го нарекува Крал Марко „наш херојот, наши еп, наша романтична фигура и национален заштитник. Марко ослободува три синџири робови, ги победува сите видови џинови и ги совладува натприродните сили.
Целиот Балкански Полуостров – не само во границите на Бугарија – е испреплетен со Марковите кули, скали, камења и маси. Така фолклорот го населува нашиот простор. Нашиот фолклор е проткаен со епот за Крале Марко.
Ангелов открива дека вчерашната премиера била само дела од голема опера во 4 чина која кога ќе биде целосно завршена ќе биде изведена на голема сцена – со аранжман направен филхармониски оркестар, солисти и голем хор.
Тој уште откри дека првично „Свадбара на Крале Марко“ била замислена како рок опера.