МФМ ги прогласи најдобрите за 2025 година: Петар Мијалков со најдобар остварен успех

Мијалков

Мотоциклистичката федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2025 година. На свеченоста, на Петар Мијалков му беше врачена престижната Награда за најдобар остварен успех, признание кое доаѓа по серијата историски резултати со кои тој го придвижи македонскиот мотоспорт за неколку скалила напред. Неговата доминација на патеките и професионализмот го етаблираа како лидер кој поставува нови граници.

„Оваа награда не е само моја, таа е на целиот мој тим, на моето семејство и на сите вас кои верувате во мене кога сум на патеката. Свесен сум дека погледите на јавноста се насочени кон мене и дека очекувањата за новата сезона се големи. Ветувам дека ќе го дадам последниот атом од мојата енергија за да ги оправдам тие очекувања и повторно да го веам македонското знаме на највисокиот подиум“, изјави Петар Мијалков.

Додека подготовките за новата сезона веќе започнуваат во спортските кругови веќе не се поставува прашањето дали Македонија ќе има успех, туку со каков нов рекорд ќе не изненади Мијалков.

За Мијалков нема одмор – тој веќе навлегува во фаза на интензивни подготовки. Со оглед на досегашниот напредок, јасно е дека целата македонска јавност со нетрпение го очекува неговиот прв настап во новата сезона, каде тој повторно ќе биде главниот фаворит за највисокото место на подиумот.

Зачлени се на нашиот е-билтен