Навивач на Победа од Прилеп се закани со самозапалување

Прилепскиот фудбалски клуб Победа се наоѓа во тешка неизвесност и не е сигурно дали ќе продолжи со настапите во втората фудбалска лига што предизвика силни реакции во јавноста.

Долгогодишниот симпатизер на клубот, Кире Иваноски – Балче, преку социјалните мрежи најави дека, доколку клубот не продолжи со натпреварување, ќе се самозапали на центарот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Во својата порака тој наведе дека по излегувањето од болница во Отешево ќе присуствува на натпреварот Победа – Новаци, а во спротивно ќе преземе „радикален чекор“.

Иваноски беше дел од групата прилепчани кои секојдневно протестираа во центарот на градот, изразувајќи незадоволство од можноста клубот да се повлече од првенството.

Ситуацијата околу клубот останува неизвесна, додека раквоодството на клубот се уште се нема огласено, што дополнително ја крева тензијата во еден од најфудбалските градови во Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен