Заборавете на Ривиерата: Овој балкански регион стана број 1 туристичка дестинација во Европа!

Балканот го освојува приматот: Хрватскиот Јадран е најомилената летна дестинација во Европа за 2025 година

Додека традиционалните туристички гиганти како Франција, Италија, Шпанија и Грција со години доминираат на мапата на европскиот туризам, летото 2025 година носи голем пресврт. Еден регион на Балканот официјално „ја расипа забавата“ на големите играчи, наметнувајќи се како апсолутен лидер во бројот на туристички резервации.

ХРВАТСКА НА ВРВОТ НА ЕВРОПА

Според најновите податоци, хрватскиот јадрански брег е најуспешниот регион во целата Европска Унија за летото 2025 година. Со регистрирани дури 34 милиони ноќевања пре преку платформите како Airbnb, Booking.com и Expedia, овој сончев појас ги надмина познатите светски дестинации како Прованса или Каталонија. Бисерите како Дубровник и Ровињ станаа главни точки на интерес за патниците кои бараат алтернатива за пренатрупаните западни ривиери.

ТРКА НА НАЦИОНАЛНО НИВО: Франција сепак го држи златото

Иако хрватскиот регион е лидер поединечно, на државно ниво борбата за превласт останува меѓу традиционалните дестинации:

  • Франција останува на првото место со вкупно 108 милиони ноќевања резервирани за летото 2025.
  • Шпанија го зазема среброто со 91 милион ноќевања.
  • Италија е на третата позиција со 75 милиони.

Покрај Хрватска, во топ 10 листата на најуспешни региони влегуваат уште само грчкиот Крит и Егејските Острови, додека остатокот од листата е доминиран од француски и шпански региони како Валенсија, Окситанија и регионот на Париз.

ОГРОМЕН РАСТ НА ОНЛАЈН РЕЗЕРВАЦИИТЕ

Туризмот во Европа доживува вистинска ренесанса. Во текот на целата 2025 година, туристите поминале околу 950 милиони ноќевања во капацитети за краток престој резервирани преку интернет. Ова претставува значителен пораст од 11% во споредба со 2024 година, но уште поимпресивен е скокот од дури 32% во однос на 2023 година.

Овие податоци јасно укажуваат дека навиките на патниците се менуваат, а Балканот, со Хрватска како предводник, станува новиот центар на европскиот летен туризам.

Зачлени се на нашиот е-билтен