Во денешно време ретки се приказните кои покажуваат дека долгогодишниот труд и лојалноста сепак се препознаваат и наградуваат. Токму една таква приказна од Германија во последните денови привлече големо внимание и предизвика бројни позитивни реакции.
За многумина, заминувањето во пензија претставува крај на едно поглавје, а за еден вработен во БМВ, овој момент се претвори во настан кој ќе го памети цел живот.
Станува збор за работник од турско потекло кој цели 45 години работел во истата БМВ фабрика, оставајќи свој печат на илјадници автомобили произведени на производната линија. Неговото заминување во пензија не остана незабележано – компанијата одлучи да покаже колку ја цени неговата лојалност.
Подарок кој се памети
Пред големото изненадување, работникот добил симболичен подарок – минијатурна макета од БМВ кулата во Минхен, седиштето на компанијата. Но, вистинскиот момент на изненадување следелподоцна.
Компанијата му подари црвен BMW M3, еден од најпознатите и најценетите модели на оваа бааварска марка.
Целиот настан беше исклучително емотивен, а снимките брзо се проширија на социјалните мрежи. Многумина во оваа приказна ја препознаа симболиката на генерациите работници, особено оние од странско потекло, кои децении го градеа темелот на германската индустрија
видео на следниот линк.