(ВИДЕО) Маѓар ѝ порача на руската пропаганда дека доаѓа крај на режимот во Унгарија

Руската пропаганда се најде во центарот на митингот на Петер Маѓар во Кишкунлацхаза, откако лидерот на Тиса на 8 април јавно им се обрати на руски новинари во публиката, им порача да уживаат во слободата во Унгарија и додаде дека доаѓа и смена на режимот. Настапот веднаш доби и реакција од собраните, кои почнаа да скандираат „Русите дома“, претворајќи еден краток момент од митингот во силна политичка сцена пред изборите.

Унгарските медиуми објавија дека на настанот присуствувале новинар и снимател од из.ру, онлајн-изданието поврзано со руска „Известија“, а Маѓар прво им се обрати на англиски, па потоа и на унгарски. Според унгарските медиуми, тој потоа ја проширил пораката и рекол дека унгарската историја не се пишува во Москва, ниту во Брисел или Вашингтон, туку на унгарските улици, плоштади и од унгарските граѓани. Со тоа, настапот во Кишкунлацхаза излезе од рамката на обичен предизборен инцидент и стана порака за политички суверенитет, насочена и против Кремљ и против власта на Виктор Орбан.

Контекстот е уште потежок затоа што Унгарија влегува во парламентарните избори на 12 април со сериозна поларизација околу односот кон Русија и местото на земјата во Европа. Ројтере и АП наведуваат дека Маѓар и неговата Тиса водат во повеќето независни анкети и дека самиот тој изборите ги претставува како референдум за тоа дали Унгарија ќе продолжи да лизга кон источни автократии или ќе се врати поблиску до европскиот демократски курс. Во таа рамка, руските новинари на митингот не беа само публика, туку симбол на пошироката политичка линија што Маѓар сака да ја нападне.

Дополнителна тежина на оваа сцена ѝ дава и најновата афера со наводно протечени разговори на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто со Сергеј Лавров, во кои, според Ројтерс, се гледа блиска комуникација и понуда за споделување документ поврзан со украинскиот европски пат. Автентичноста на снимките Ројтерес не можеше независно да ја потврди, но нивното објавување само неколку дена пред гласањето уште повеќе ја засили чувствителноста на темата за руското влијание. Затоа настапот на Маѓар во Кишкунлацхаза не се чита само како предизборна досетка, туку како дел од поширока битка за тоа дали Унгарија ќе остане под сенката на Москва или ќе се обиде да ја смени политичката насока

https://www.instagram.com/reels/DW4ZvEVjgEP

Зачлени се на нашиот е-билтен