Македонските „сезонци“ се селат во Хрватска, Македонија меѓу петте држави со најмногу работни дозволи

хрватска

Во 2026 година, најмногу работни дозволи во Хрватска им биле издадени на граѓани на Босна и Херцеговина, по што следуваат граѓани на Филипините, Непал, Србија и Северна Македонија, изјави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Хрватска, Ирена Петриевчанин.

„Во моментов, 105.231 лица се регистрирани како странски работници со важечка дозвола за престој и работа, и регистрирано живеалиште на адреса во Хрватска“, рече Петриевчанин на презентацијата на Правилникот за престој на граѓани на трети земји во Република Хрватска.

Таа додаде дека најмногу дозволи се издадени за работа во дејности како што се угостителство и туризам, како и градежништво.

Најновите измени на Законот за странци го олеснија менувањето на занимањата кај истиот работодавач, односно повеќе не е потребно да се издава дозвола за сезонски работници секоја година, туку дозволата се издава за три години.

„Странските работници во рок од три години имаат право да работат 90 дена без одобрение од Агенцијата за вработување или девет месеци континуирано. Ова води до тренд на зголемен број на продолжувања на работни дозволи, како и зголемен број на сезонски работни дозволи“, објасни државниот секретар, додавајќи дека трендот е и за вработување домашна работна сила.

Зачлени се на нашиот е-билтен