Во време кога сѐ повеќе луѓе од Балканот бараат подобро платена работа во странство, на социјалните мрежи и порталите повторно се актуелизираат огласи за работни позиции кои нудат високи примања и релативно лесни услови за работа.
Еден таков оглас привлекол големо внимание бидејќи нуди плата од околу 2.000 евра месечно, а работата, според описот, главно се состои од седење и надзор, без физички напор, доколку не се случи вонредна состојба.
Како што се приближуваат летните одмори и сезоната на пливање, Институцијата за управување со спортски објекти бара дополнителни спасители за работа во базените во Загреб. Овогодишната дневница е значително повисока од минатогодишната и сега изнесува 13 евра на час, додека минатата година беше 6,90 евра.
– Летната сезона на пливање на градските базени трае од 1 јуни до 15 септември и ги вклучува базените СП Младост, БК Светице, БК Утрина, СРЦ Шалата, Јелковец и Ивер, како и базените Бундек и Јарун. За да се обезбеди безбедноста на сите посетители, потребата од лиценцирани спасители е зголемена – наведуваат тие на својот Фејсбук профил.
Работата како спасител би можела да им донесе многу солиден приход на многумина, иако е одговорна и барана работа. Студент кој работи стандардно 40 часа неделно може да заработи повеќе од две илјади евра нето месечно. Во случај на работа во недела или празници, вкупниот износ може да биде значително поголем.