Франција: 22 лица под надзор поради контакт со хантавирус, сите се без симптоми

ханта

Француските здравствени власти соопштија дека 22 лица кои биле во контакт со случај на хантавирус се ставени под строг медицински надзор, при што засега кај ниту еден од нив не се појавиле симптоми на инфекција, а состојбата на сите се следи внимателно. 

Според податоците на Министерството за здравство, контактите се поделени во две групи и вклучуваат патници од меѓународни летови поврзани со случајот, меѓу кои има и малолетници, кои биле во блиска изложеност на заразено лице за време на патувањето. 

Четири дополнителни лица, кои се дел од пошироката група на контакти поврзани со истиот случај, се хоспитализирани, но и тие во моментов не покажуваат клинички знаци на болеста, велат здравствените власти. 

Француските институции нагласуваат дека сите идентификувани контакти се во изолација или под засилен медицински надзор како превентивна мерка, додека се спроведуваат дополнителни епидемиолошки анализи за да се утврди точниот ризик од понатамошно ширење. 

Ситуацијата се поврзува со поширокото следење на случаи на хантавирус во Европа, поради што здравствените служби во повеќе држави веќе имаат активирано протоколи за брза реакција и следење на контактите.

Најчитано

[wpp wpp_start='
    ' range='last24hours" limit=5 stats_views=0 ]