Полскиот министер за надворешни работи: светот влегува во почеток на „голема бура“

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, предупреди дека меѓународната заедница се наоѓа на почеток на нова и сериозна фаза на глобална нестабилност, опишувајќи ја актуелната состојба како „почеток на голема бура“ во светската политика.

Тој оваа порака ја испрати за време на свое обраќање на меѓународен настан, нагласувајќи дека во светот истовремено се случуваат повеќе кризи, конфликти и тензии, кои заедно создаваат, како што рече, „темни облаци од различни насоки“. 

Сикорски посочи дека појави кои до неодамна се сметале за малку веројатни или речиси невозможни, денес стануваат реалност – вклучително вооружени конфликти, блокади на клучни поморски рути и засилени трговски и геополитички тензии. 

Тој посебно предупреди на зголемената нестабилност во стратешки важни региони како Хормушкиот теснец, Црвеното, Црното и Балтичкото Море, истакнувајќи дека глобалната безбедност е сè повеќе меѓусебно поврзана, а географската оддалеченост има сè помало значење. 

Според него, светот влегува во период во кој државите мора да соработуваат многу поблиску за да се справат со истовремени кризи, бидејќи ризиците се шират побрзо и имаат директно влијание врз економијата, енергетиката и безбедноста.

Полскиот министер оцени дека новата геополитичка реалност бара поголема координација меѓу сојузниците и адаптација на меѓународните институции, со цел да се избегне понатамошна ескалација на глобалните конфликти.

Најчитано

[wpp wpp_start='
    ' range='last24hours" limit=5 stats_views=0 ]