Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска бил регистриран на најголемиот јапонски остров Хоншу.
Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Мијаги, на длабочина од 10 километри.
По земјотресот, не е издадено предупредување за појава на цунами, јавуваат јапонските медиуми.
Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.
