Автомобил влета меѓу пешаци во Модена, осуммина повредени

Осум лица се повредени, од кои четворица потешко, откако автомобил влетал меѓу пешаци во центарот на Модена, во северна Италија. Инцидентот се случил на улицата „Виа Емилија“, каде возилото се движело со голема брзина пред да удри во луѓе и да заврши во излог.

Возачот, 31-годишен маж, се обидел да побегне од местото на настанот, но бил совладан од минувачи и потоа приведен од полицијата. Дел од италијанските медиуми објавија дека при бегството имал нож, а истрагата треба да утврди дали станува збор за намерен напад и кои биле мотивите.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го оцени случајот како исклучително сериозен, додека градоначалникот на Модена, Масимо Мецети, изјави дека настанот ќе биде уште потежок доколку се потврди дека бил однапред смислен.

Најчитано