Пожар во зграда во Кисела Вода, станари евакуирани рано утрово

Фото: 4News.mk

Пожар избувнал рано утрово во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, по што станарите биле евакуирани од објектот.

Според објавените информации, пожарот избувнал околу 5 часот наутро, пред влезот на зградата. Станарите биле разбудени од полиција и од силни звуци, по што дел од нив излегле од зградата во пижами и без лични работи.

Влезот на објектот за кратко време се исполнил со густ чад, поради што станарите, меѓу кои и семејства со мали деца, се евакуирале по скалите.

Според сведоштвата на жителите, огнот најверојатно избувнал кај главната електрична инсталација пред влезот. Надлежните служби треба да ги утврдат точните причини за пожарот.

Зградата останала без електрична енергија, а станарите стравуваат дека санацијата на оштетената инсталација може да потрае подолг период.

Полициски екипи биле присутни на местото на настанот, а се очекува увидот да покаже што го предизвикало пожарот.

Најчитано