ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги одобри новите министри на партијата во Владата

ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги одобри, односно беше запознаено со одлуката на претседателот Христијан Мицкоски за реконструкцијата во владиниот состав.

Нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски.

Нов директор на Фондот за здравство од каде доаѓа Клековски, ќе биде Златко Перински, додека министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ.

Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир кој доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ.

Нови министри ќе добијат министерствата за правда, министерството за култура и туризам, и министерството за односи меѓу заедниците каде ќе отидат кадри од Вреди, додека министер во министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство ќе предложи партијата ЗНАМ.

Се укинува министерството за добро владеење.

Најчитано