Ужасна трагедија во Словенија, загинаа тројца Македонци

Македонски државјани загинаа во Словенија во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во 16:28 часот на приморскиот автопат, меѓу Унец и работната зона пред Равбаркоманда, кога автомобил со пет лица удрил во приколка на товарно возило.

Според првичните информации на Полициската управа Копер, товарното возило поради дефект било запрено во ниша за итни случаи. Автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката, но конечната причина за судирот сè уште не е утврдена.

Во автомобилот патувале пет лица, сите државјани на Македонија. Лекар на местото на несреќата ја потврдил смртта на три лица, додека едно повредено лице било пренесено во болница со хеликоптер.

Повреден е и возачот на автомобилот, кој со возило на итната медицинска помош бил пренесен на болничко лекување. Словенечките власти засега не објавија податоци за идентитетот, возраста и здравствената состојба на преживеаните.

На местото интервенирале повеќе полициски патроли, пожарникари и медицински екипи. Во увидот биле вклучени и државен обвинител и истражен судија, а полицијата најави повеќе информации по завршувањето на првичните истражни дејства.

Несреќата предизвикала повеќечасовен прекин на сообраќајот кон Копер. Возилата биле пренасочувани кај Унец, додека товарните возила биле исклучувани од сообраќај кај Логатец.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?