Грчкиот поет Минас доаѓа во Скопје со книга на македонски

Грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас, кој сам го научил македонскиот јазик и на него ги препеал сопствените песни, на 19 септември ќе ја промовира својата двојазична стихозбирка „Раскинување на договорот“ во Скопје.

Промоцијата ќе се одржи во сабота во 12 часот во книжарницата на „Матица македонска“ на булевар „Св. Климент Охридски“ бр. 23. За книгата ќе говори писателот и книжевен критичар Иван Антоновски.

„Раскинување на договорот“ е дебитантска поетска книга на Минас, објавена паралелно на грчки и на македонски јазик. Македонската верзија на песните е препев на самиот автор, кој нема македонско потекло, но јазикот го научил по сопствен избор.

Минас претходно привлече големо внимание на Струшките вечери на поезијата со песната „Ми го одзедоа јазикот – македонскиот“, која ја прочита на свеченото отворање на фестивалот. Песната е инспирирана од делото „Ми го дадоа јазикот – грчкиот“ на нобеловецот Одисеас Елитис.

Авторот својот избор да пишува и да говори на македонски го објаснува како повеќе од јазична љубопитност. Во авторската белешка за книгата наведува дека одлуката да ја објави збирката во Македонија за него е „свесен чин на правда“, а двојазичното издание го поврзува со заемното признавање и почитување.

Минас е активен и како преведувач на македонската книжевност на грчки јазик. Меѓу другото, го превел романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска.

Од „Матица македонска“ велат дека промоцијата е можност публиката лично да го запознае авторот кој македонскиот јазик го избрал како дел од сопственото книжевно творештво.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?