Русија и Украина извршија нова размена на телата на загинати војници

Фотографии од загинати војници во Руско-Украинската војна | Фото: Претседателство на Украина
Фотографии од загинати војници во Руско-Украинската војна | Фото: Претседателство на Украина

Русија и Украина извршија нова размена на посмртните останки на војници загинати во војната. Размената била спроведена на граничниот премин „Нова Гута“, на белоруско-украинската граница.

Според информациите објавени од руската страна и белоруската државна агенција БелТА, Украина примила 252 тела за кои Москва тврди дека им припаѓаат на загинати украински војници. На Русија ѝ биле предадени телата на 23 нејзини војници.

Украинскиот Координативен штаб за постапување со воените заробеници ја потврди репатријацијата на 252 тела. Киев нагласи дека допрва треба да бидат извршени форензички испитувања и идентификација на посмртните останки.

Во операцијата посредувал Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој подолго време учествува во хуманитарните активности поврзани со враќањето на загинатите и размената на воени заробеници.

Претходната размена на тела беше извршена на 13 август. Тогаш Украина прими 261 тело, додека на Русија ѝ беа предадени посмртните останки на 24 војници. Неколку дена подоцна, двете страни разменија и по 103 воени заробеници.

Размените на заробеници и враќањето на телата на загинатите остануваат меѓу ретките области во кои Москва и Киев продолжуваат да соработуваат и покрај воените дејства и застојот на мировните преговори.

Договор за редовно враќање на телата на загинатите беше постигнат за време на преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул во 2025 година. По преземањето, украинските институции спроведуваат ДНК-анализи и други постапки за идентификација, пред телата да им бидат предадени на семејствата.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?