Партијата на Мерц со големи загуби на изборите во две германски покраини

Тежок удар за Мерц покажуваат излезните анкети од денешните покраински избори во Берлин и во Мекленбург-Западна Померанија, каде што ЦДУ на германскиот канцелар Фридрих Мерц бележи голем пад на поддршката, објави „Еуроњуз“.

Според излезната анкета на АРД, во Мекленбург-Западна Померанија крајнодесничарската Алтернатива за Германија освоила околу 37 отсто од гласовите, додека Социјалдемократската партија добила 35,5 отсто. ЦДУ е на само 5,5 отсто, опасно блиску до изборниот праг.

Доколку овие процени се потврдат со конечните резултати, тоа ќе биде најслабиот резултат на ЦДУ на покраински избори од 1949 година. На претходните избори во оваа германска покраина, партијата освои 13,3 отсто од гласовите.

ЦДУ губи поддршка и во Берлин, каде што излезните анкети ѝ даваат околу 20 отсто, значително помалку од освоените 28,2 отсто во 2023 година. Левица, според првичните процени, е на првото место со околу 26 отсто.

Иако АфД може да заврши како најсилна партија во Мекленбург-Западна Померанија, останатите партии досега ја исклучуваа можноста за коалиција со неа. Тоа значи дека првото место не мора автоматски да ѝ донесе учество во покраинската влада.

Резултатите дополнително го зголемуваат притисокот врз Мерц, кој, според „Дојчландфунк“, го свикал раководството на ЦДУ на разговори во Берлин. Конечните резултати сè уште се очекуваат.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?