Филипче удри по Левица, ЗНАМ и ВМРО: „СДСМ не се реформира од кафеана“

Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со остра порака на социјалната мрежа Х одговори на критиките и повиците за реформи во партијата, насочувајќи ги нападите кон Левица, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога Левица, ЗНАМ и ВМРО бараат реформи во СДСМ, време е и ние да бараме кај нив“, напиша Филипче.

За ЗНАМ тој оцени дека „нема што да бараме“, додавајќи дека партијата „веќе ја нема“.

Во пораката кон Левица, Филипче употреби особено остра реторика, оценувајќи дека станува збор за „лева партија со десни принципи“ и дека од неа „можеме да го добиеме само Мусолини“.

„Псевдокомунисти со фризури на марксисти подобро звучи“, напиша тој.

Најголемиот дел од критиките ги насочи кон ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

Филипче напиша дека таму „нема никого освен Мицкоски“ и дека партијата, според него, функционира со целосно концентрирана моќ кај лидерот.

„Си направи реформи: ги укина потпретседателите. Останаа фан-клубови по општините. Владее сам“, напиша претседателот на СДСМ.

Филипче порача и дека политичките противници треба да се занимаваат со сопствените партии и нивните, како што ги нарече, „сателити“.

„СДСМ не се реформира од кафеана. СДСМ се бори со народот на терен“, заврши Филипче.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме 511 (65%)
65 %
Делумно, но потребни се почести и построги контроли 164 (21%)
21 %
Не можам да проценам, недостигаат доволно информации 81 (10%)
10 %
Да, контролите се доволни и храната е безбедна 33 (4%)
4 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме 511 (65%)
65 %
Делумно, но потребни се почести и построги контроли 164 (21%)
21 %
Не можам да проценам, недостигаат доволно информации 81 (10%)
10 %
Да, контролите се доволни и храната е безбедна 33 (4%)
4 %