Масовни апсења низ Македонија, пронајдени дрога и оружје

Десет лица се приведени во полициски акции спроведени во повеќе градови низ Македонија, при што биле запленети кокаин, марихуана, оружје и муниција. Претресите биле извршени на 16 октомври во Велес, Тетовско, Кочани, Струга, Охрид, Прилеп и Македонски Брод, а против приведените се најавени соодветни пријави.

Во селото Голема Речица, тетовско, полицијата привела 57-годишен маж при претрес на неговиот дом и помошните простории. Во подрумот, под кревет, бил пронајден пиштол „екол дуал“ со празна рамка, додека во навлака од перница во помошна просторија биле откриени 22 мали кесички со кокаин и една поголема кеса со истата дрога.

Според полициските информации, осомничениот за време на претресот им се заканувал на полициските службеници, по што бил приведен и задржан во полициската станица во Тетово.

Во одделен случај во Тетовско, полицијата привела 45-годишен маж по пријава за семејно насилство. Неговата сопруга пријавила телесна повреда и загрозување на сигурноста, по што бил извршен претрес во домот на пријавениот.

При претресот биле пронајдени три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми со непознат калибар. За случајот е известено Основното јавно обвинителство Тетово, а доставен е и извештај за сомневање за недозволено поседување оружје и експлозивни материи.

Во Велес бил приведен 53-годишен жител на градот, во чиј дом полицијата пронашла бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон. Претресот бил извршен по судска наредба, а за случајот е известен јавен обвинител.

Во Кочани се приведени сопружници на возраст од 28 и 31 година. При претрес на нивниот дом полицијата пронашла пакување со кафеава прашкаста материја. По завршувањето на постапката ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициска акција била спроведена и во Струга, каде што е приведен 41-годишен жител. Во неговиот дом бил пронајден стаклен сад со марихуана.

Во Охрид, пак, при претрес кај 48-годишен маж биле пронајдени пиштол „црвена застава“ со калибар од 7,65 милиметри, куршуми и пушка со калибар од 4,51 милиметри. Според полицијата, оружјето го поседувал незаконски.

Две лица биле приведени во Прилеп. При претрес во домот на 22-годишен маж била пронајдена марихуана, додека кај 19-годишна девојка, која била затекната во објектот, била откриена прашкаста материја.

Во Македонски Брод е приведен 22-годишен жител, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун.

Сите претреси биле извршени по судски наредби. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Целосниот колапс на државниот систем за отпад 914 (52%)
52 %
Несовесноста на граѓаните и приватните фирми 505 (29%)
29 %
Пасивноста на инспекторите кои не пишуваат казни 196 (11%)
11 %
Неспособноста на локалните комунални претпријатија 139 (8%)
8 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Целосниот колапс на државниот систем за отпад 914 (52%)
52 %
Несовесноста на граѓаните и приватните фирми 505 (29%)
29 %
Пасивноста на инспекторите кои не пишуваат казни 196 (11%)
11 %
Неспособноста на локалните комунални претпријатија 139 (8%)
8 %