Претреси на над 10 локации, се споменува и Ден Дончев, истрага за милионски злоупотреби

Голема полициска акција се спроведува утрово на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Куманово. Според неофицијални информации, истрагата опфаќа одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), а во информациите се споменува и поранешниот директор на Фондот, Ден Дончев.

Акцијата ја спроведува Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации што ги објави ТВ21, постојат сомнежи за злоупотреба на службената положба, несовесно работење, измама и перење пари.

Неофицијално, штетата врз државниот буџет се проценува на повеќе од 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата корист за приватната болница наводно изнесува околу четири милиони евра.

Во информациите се наведува дека меѓу оштетените има и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Засега не е официјално потврдено во какво својство се споменува поранешниот директор на ФЗО, Ден Дончев, ниту дали против него се преземени истражни дејствија.

Се очекува Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство во текот на денот да соопштат повеќе детали за акцијата, бројот на опфатени лица и сомнежите што се предмет на истрагата.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?