Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција, но не отстапува територија

Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за директна средба со рускиот лидер Владимир Путин во Турција. Тој истовремено порача дека нема да прифати никакви територијални отстапки за Донбас и Крим.

Во интервју за Си-ен-ен Турк, Зеленски оцени дека директните преговори на претседателско ниво се неопходни бидејќи досегашните контакти меѓу делегациите и работните групи не доведоа до прекин на војната. Тој изрази очекување дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган може да помогне во организацијата на дијалогот.

Како клучни теми на евентуалната средба Зеленски ги посочи прекинот на огнот по должината на фронтот, воспоставувањето контролен механизам за почитување на договорите, безбедносните гаранции, обновата на Украина и статусот на окупираните територии. Барањата на Москва за предавање на Донбас или признавање на Крим како дел од Русија ги отфрли како спротивни на украинскиот Устав.

Украинскиот претседател се осврна и на можноста за учество на самитот на Г20 во Мајами во декември, посочувајќи дека сè уште нема официјална покана од Вашингтон. Тој напомена дека постојат сигнали оти претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да упати покана паралелно со иницијатива за завршување на конфликтот.

Зеленски нагласи дека судбината на Украина не може да се решава без нејзино директно учество и ги отфрли обидите за преговори во кои Киев не е вклучен на масата. Тој додаде дека Русија не успеала да ги оствари своите првични воени планови и дека војната веќе навлегува во петтата година.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?