Компанијата Гугл во текот на оваа година понуди програми за доброволно напуштање на работното место со отпремнина за вработените во пет држави. Мерката доаѓа во време кога матичната компанија Алфабет се соочува со зголемени трошоци и милионски инвестиции во развојот на вештачката интелигенција.
Програмата за доброволни излези во јуни беше проширена во Канада, Франција, Германија, Јапонија и Швајцарија. Од понудата се изземени клучните сектори за вештачка интелигенција и облак-услуги, меѓу кои и одделот Дипмајнд. Засега не е познато колку работници ја прифатиле понудата.
Портпаролот на компанијата потврди дека програмата е воведена за да се даде поддршка на стратешките приоритети во работењето. Слични чекор претходно презеде и Мајкрософт, кој им понуди доброволно заминување на илјадници вработени со цел контрола на оперативните трошоци.
Финансискиот директор на Алфабет, Анат Ашкенази, во повеќе наврати нагласи дека вработувањата сега се насочени кон вештачката интелигенција и облак-технологиите. Гугл и во минатото спроведуваше слични програми во САД и Велика Британија, а во Швајцарија работниците што ја прифатија понудата добија надоместок од една плата за секоја година стаж, до максимално 12 плати.

