Филипче: Дали сметки на функционери се причина за брзата продажба на Алта

Филипче

Дали високи владини функционери имаат сметки во Алта банка и дали тоа е причината за брзањето со нејзината продажба, праша претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој побара одговори за финансиските текови во банката и ја обвини власта дека со избрзани одлуки се обидува да прикрие одговорност.

Филипче изнесе сомнежи дека Македонија можеби станала засолниште за сомнителен руско-српски капитал. Тој ја поврза можноста за сметки на функционери со начинот на кој се најавува продажбата, без притоа да наведе имиња на носители на функции или да приложи податоци за нивни сметки.

Според него, јавноста заслужува да знае кој има интерес продажбата да заврши во краток рок и дали таквата постапка ќе овозможи целосна проверка на работењето на банката.

Претседателот на СДСМ ја оспори и најавата на гувернерот Трајко Славески за брза продажба на акциите. Тој посочи дека мнозинскиот сопственик, Алта банка Белград, е во стечај и тврдеше дека одлуката за продажба треба да ја донесе Агенцијата за осигурување на депозитите во Србија, која управува со стечајната постапка.

„Тие треба да ја донесат таа одлука за продажба на тие акции, затоа што парите од продажбата на тие акции ќе одат во стечајната маса на Алта банка во Србија“, рече Филипче.

Тој го обвини гувернерот дека со најавениот краток рок се обидува да ги прикрие проблемите, наместо да обезбеди нивно расчистување.

Филипче се осврна и на ограничениот пристап до средствата, посочувајќи дека последиците ги трпат штедачите, пензионерите и работниците. Според него, приоритет на институциите треба да биде пристапот на граѓаните до сопствените пари.

„Не им дозволуваат на луѓето, на штедачите, на пензионерите, на работниците да стигнат до своите средства поради нивните лоши одлуки“, изјави Филипче.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?