Студентската листа првпат влегува во Собранието на Србија со 140 мандати

Саичиќ

Студентската листа денеска првпат влегува во Собранието на Србија со мнозинство од 140 од вкупно 250 пратенички места. Конститутивната седница е закажана за 10 часот, а пред парламентот во Белград утрово се собраа стотици граѓани за да ги пречекаат идните пратеници.

Поддржувачите на Студентската листа се собраа во Пионерскиот парк уште пред осум часот, а пред Собранието ги поздравија кандидатите со извици „Победа“, јави Н1 Србија. Дел од кандидатите на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ беа пречекани со свирежи. Листата предводена од Српската напредна партија освои 103 мандати на предвремените избори на 25 октомври.

Прва точка на седницата е потврдувањето на пратеничките мандати. На дневен ред се и изборот на претседател и потпретседатели на Собранието и именувањето генерален секретар. До изборот на нов претседател, седницата ќе ја води највозрасниот пратеник, Стојан Раденовиќ.

Со конституирањето на Собранието почнува да тече уставниот рок од 90 дена за избор на нова влада.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?